Утрински Весник
Магазин

Ким сподели фотографии од својот дом, фановите збунети: Како можеш да живееш овде?

Ким сподели фотографии од својот дом, фановите збунети: Како можеш да живееш овде?

Ким Кардашијан на Инстаграм објави неколку детали од својот дом, кој повеќето медиуми го нарекоа мавзолеј, а и фановите не беа одушевени.

dobivaj vesti na viber

Ким конечно постигна спогодба за развод од Канје Вест, а за да го одбележи ова, магнатот одвои малку време, како што напиша, да ги цени малите нешта во животот што ѝ носат радост, како на пример мермерни столчиња, и спална соба која изгледа како да треба да биде во „Томб Рајдер“.

„Работи во куќата што ме прават среќна“, напиша таа во описот на објавата. На фотографиите се гледа дневната соба, спалната соба и дел од бањата.

На фановите на ријалити-ѕвездата не им се допадна што речиси се е во иста боја.

„Не знам како можеш да живееш на вакво место, изгледа како лудница“, „Како во затвор“, „Изгледа толку депресивно“, „Твојата куќа изгледа многу празна“, се дел од коментарите.

Од друга страна, некои пишуваа дека Ким има стил и дека убаво го уредила својот дом.

Можете да прочитате

Џон Бон Џови најави крај на пеењето на концерти

(ВИДЕО) Тринаесетгодишник го собори Гинисовиот рекорд за најбрзо собирање на 50 петцифрени броеви

Шолц: Не сите студенти во Германија пушат канабис