Утрински Весник
Свет

Учениците во Хрватска ја бојкотираат наставата: „Момче со шипка упадна во училница“

Учениците во Хрватска ја бојкотираат наставата: „Момче со шипка упадна во училница“
300x250 (7)

Во текот на денешниот ден 27 од 28 ученици од една од паралелките на ОУ Строжанац  во Хрватска не се појавиле на час поради проблематично однесување на еден ученик, пишува порталот Далматински. Незадоволните родители тврдат дека нивните деца страдаат од страв, мачнина, главоболки и несоница поради овој ученик. Ја обвинуваат и директорката Жана Призмиќ и стручните служби дека нема итна реакција.

dobivaj vesti na viber

Вработен во училиштето изјавил дека проблемите во однесувањето на момчето се присутни подолго време. Момчето  континуирано ја прекинувало наставата и било склон на насилни испади. Ситуацијата ескалирала минатиот четврток на часот по германски.

300x250 (7)

„Ученикот пристигнал во училницата со железна шипка и се заканил дека ќе биде следниот Коста К. Наставничката за инцидентот дознала од мајката на детето, која била сведок на се. Таа во тој момент повикала полиција. Полицајци во цивилна облека интервенирале, му ја одзеле шипката и ја предале во училиштето додека да дојдат родителите“, вели вработената во училиштето.

Ss1

Можете да прочитате

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија

Германија: 430 лица заразени со норовирус на Пролетниот фестивал во Штутгарт