Утрински Весник
Македонија

Ученици нападнати и ограбени додека биле на екскурзија во Парк шумата Гази Баба

12 park suma gazi baba min.jpg

На 11.05.2026 во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит.

Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријави дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека биле на еднодневна екскурзија преку училиштето во кое учеле, биле физички нападнати од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Јаневска: Државната матура спроведена во најдобар ред, значително намалено препишувањето