Утрински Весник
Свет

Тинејџер избоден со нож на домашна веселба во Западен Јоркшир, починал во болница

Тинејџер избоден со нож на домашна веселба во Западен Јоркшир, починал во болница

Тинејџер (17) бил избоден до смрт на домашна забава во Западен Јоркшир, а полицијата започнала истрага за убиство.

dobivaj vesti na viber

Полицијата околу три часот по полноќ добила повик дека едно лице е избодено со нож во куќа во Солсбери.

Брза помош набрзо пристигнала на местото на настанот. Тие веднаш го однеле тинејџерот во болница, но набрзо по пристигнувањето во установата била констатирана смрт.

Соседот кој живее од другата страна на улицата од куќата во која се одржувала забавата изјавил дека таа вечер музиката била малку погласна и дека изгледало дека сите добро се забавуваат.

„Ова се нови куќи кои се изградени пред неколку месеци. Ова беше прва забава во околината, барем јас така мислам. Ништо не ми изгледаше сомнително кога отидов да спијам. Дури наутро кога се разбудив Ја видов полицијата и дека областа е опколена“, рече тој, пренесува Мирор.

Истрагата за куќата се уште е во тек, а полицијата смртта на тинејџерот ја третира како убиство.

„Загубата на еден млад живот во такви околности е голема трагедија. Темелно го истражуваме случајот и правиме се што можеме за да ги идентификуваме и пронајдеме сторителите“, изјави главниот инспектор Алан Викс.

Тој додаде дека сите се со родителите на младиот човек кои сега минуваат низ многу тежок период.

„Ние сме посветени да добиеме одговори на сите прашања што е можно поскоро“, додаде тој,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток

Фон дер Лајен: Русија користи мигранти за хибридни напади врз Финска