Утрински Весник
Македонија

Уапсени Косовари кои криумчареле мигранти од Пакистан

Liseni od sloboda dvajca kosovski drzavjani vo nivnoto vozilo se pronajdeni migranti od pakistan image.jpg

Нa 08.04.2026 околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово.

При контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, кое го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан. Лицата се задржани во полициска станица, амигрантите и возилото се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија.


По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна приајва.

Можете да прочитате

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал

Д-р Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и да го поддржиме органдонорството

Утре попладне нестабилно со пороен дожд