Утрински Весник
Македонија

Недостигаат лекови и помагала за дијабетичарите во Македонија

Insulin.png

Дијабетичарите во Македонија со месеци се соочуваат со хнедостиг на основни лекови и медицински помагала.

Многумина од нив се принудени да ги купуваат со свои средства или да ги делат помеѓу себе, со што се зголемува ризикот од компликации како хипогликемија, гангрена или слепило.


Според пациентите и здруженијата што ги застапуваат, недостигот опфаќа инсулински помагала, глукометри, тест‑ленти и други клучни производи, објави 4news.mk Некои типови терапија на рецепт во одредени периоди воопшто не биле достапни, што укажува на системски проблем во снабдувањето и распределбата на лековите.

Здруженијата алармираат дека ваквата состојба ги доведува дијабетичарите во ризична ситуација, бидејќи редовната терапија е клучна за одржување на нормалните нивоа на шеќер во крвта и спречување на сериозни здравствени последици, како што се хипогликемија, гангрена, слепило или други хронични компликации.

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал