Утрински Весник
Македонија

Уапсен возач од Германија на автопат возел над 200 км/ч

Liseno od sloboda lice od germanija vozelo so brzina od 203 kilometri na cas na avtopat image.jpg

Денеска (15.08.2026) во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ф. управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

,,Апелираме до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањата на брзината, да не го загрозуваат сопствениот живот и животот на останатите учесници во сообраќајот и да бидат одговорни и совесни учесници во сообраќајот, велат од МВР.

Можете да прочитате

Мицкоски за посетата на Белгија: Тоа беше научнообразовна екскурзија

Штипјанец пријавен за измама, набавил 2.580 тони сливи, а не ги платил

Приведени 12 возачи, седум немале возачка, од кои еден малолетник