Утрински Весник
Македонија

Уапсен битолчанец кој предизвикал пожар

Pozar treva.jpg

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола.

Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе боиде поднесена соодветна пријава, посочија од МВР.

Можете да прочитате

Малолетничка нападната од две врснички во Кавадарци, едната ја држела, а другата ја горела со цигара

Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка

Осум лица уапсени за „безобѕирно управување возило“