Утрински Весник
Економија

УЈП : Уште три дена за  поднесување ддв- 04 пријави за изминатиот оданочив период

U P.webp.webp

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период.  Апелираме, навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне  непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден.

Во моментов, системот на УЈП работи непречено, до денеска  поднесени се 1706, ДДВ – 04 пријави од вкупно очекуваните 7405, што е  23,4% од вкупно очекуваните ДДВ – 04 пријави за овој оданочив период. Обврска да поднесат ДДВ-04 пријава, имаат сите даночни  обврзници, вклучително и оние кои во соодветниот период немале извршен оданочив промет.

Процесот на поднесување на пријавите е под постојан мониторинг, а сите заинтересирани можат редовно да го следат трендот на статистиките за поднесените ДДВ-04 пријави по региони на веб-страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/javni_informacii/category/2005

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, затоа што ја доведе државата на раб на банкрот

Со годишна просечна плата во Скопје можат да се купат 4,5 квадратни метри стан

Кузеска: 700 милиони евра нов долг, дилетантот Мицкоски ја турка државата во финансиска бездна