Утрински Весник
Македонија

УЈП ја објави новата листа на должници: Вкупен долг од над 11 милијарди денари

Ujp1 620 350.jpg

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за октомври 2024 година, која ги опфаќа долговите доспеани до 30 јуни 2024 година и неплатени до крајот на септември. На листата се вклучени 1.976 правни лица и 3.786 физички лица, со вкупен нето-долг од 11.042.537.967 денари.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, што е намалување од 45.943.439 денари во споредба со претходната листа, додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари, со намалување од 18.931.314 денари.

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете ТУКА.

Инаку, Објавувањето на листата на должници има за цел не само да ја поттикне одговорноста кај должниците, туку и да информира јавноста за статусот на долговите во државата. Од УЈП велат дека активно продолжуваат да работат на подобрување на механизмите за наплата и на зголемување на свесноста за важноста на фискалната дисциплина во општеството.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола