Утрински Весник
Македонија

Загина велосипедист на лице место – Бил удрен од товарно возило

Velosiped1.jpg

Вчера во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста