Утрински Весник
Магазин

„Твитер“ повторно го суспендира профилот на Канје поради кршење на правилата

„Твитер“ повторно го суспендира профилот на Канје поради кршење на правилата

„Твитер инк“ повторно го избриша профилот на Канје Вест, само два месеци откако беше реактивиран, а сега неговиот сопственик Илон Маск тврди дека раперот ги прекршил правилата на платформата кои забрануваат поттикнување насилство.

dobivaj vesti na viber

Маск, кој себеси се нарекува апсолутист на слободата на говорот, во октомври го поздрави враќањето на раперот на платформата.

„Дадов сè од себе. Меѓутоа, тој повторно го прекрши нашето правило против поттикнување насилство. Профилот ќе биде суспендиран“, твитна Маск доцна во четвртокот.

Профилот на Вест, кој има над 30 милиони следачи, го снема еден час по објавата на Маск, која дојде како реакција на корисник на Твитер кој напиша „Елон, те молам реши го Канје“. „Твитер“ не одговори веднаш на барањето за коментар.

Илон Маск заврши со преземањето на „Твитер“, вредно 44 милијарди долари, и ден потоа профилот на Вест на таа социјална мрежа беше повторно активиран.
Маск подоцна појасни дека немал никаква улога во враќањето на Је на „Твитер“.

Можете да прочитате

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание – ПОП КУЛТУРА

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник