Утрински Весник
Спорт

Батшуаји: Селекторот со солзи се збогуваше со нас

Батшуаји: Селекторот со солзи се збогуваше со нас

Белгискиот фудбалер Миши Батшуаји изјави дека сите во тимот се разочарани по елиминацијата од Светското првенство во Катар по групната фаза.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави и дека Роберто Мартинез во солзи им рекол дека ја напушта тренерската позиција.

„Разочарани сме затоа што сме елиминирани. Жал ми е што не играв, напаѓач сум, ни требаше гол и моја работа е да постигнам. Тешко ми е да зборувам дали заслуживме испаднат или не, но мислам дека сме на турнирот и дефинитивно требаше да играме подобро“, рече Батшуаји.

„Тешко е, ова не е пријателски турнир, туку Светско првенство“, додаде тој.

Фудбалската репрезентација на Белгија одигра 0:0 со Хрватска во последното коло од групата Ф на Светското првенство во Катар и тој бод не и беше доволен за пласман во следната фаза на турнирот.

Белгија го заврши натпреварувањето во групата со четири бода, односно бод помалку од Хрватска, која продолжи како втора.

Белгија по натпреварот остана без селектор, бидејќи таа позиција ја напушти Роберто Мартинез.

„Мартинез ни кажа дека заминува, тоа го кажа во солзи“, рече Батшуаји.

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај