Утрински Весник
Македонија

Турски државјани дилале марихуана и кокаин низ Штип, полицијата ги уапси

Pronajdeni marixuana i kokain vo stip liseni od sloboda tri lica podnesena krivicna prijava image khdw rotated.jpg

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип.

Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен од слобода и кај него се пронајдени марихуана и нож. За настанот биле запознаени јавен обвинител и судија на претходна постапка, по што полициски службеници отишле во домот на М.Б., каде што ја затекнале А.Б.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип.

Од извршениот преглед во станот биле пронајдени и одземени неколку ќеси и повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја и дигитална вага. М.Џ.У., А.Б. и Ф.Р. се задржани во полициска станица и на 09.08.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува А.Б. во Штип, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, пари во различни валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Во врска со настанот поднесена е кривична пријава, а на лицата М.Џ.У. и А.Б. им е одредена мерка притвор.

Можете да прочитате

Жена од Кочани ограбена во скопски Центар

Алијанса за Албанците: Владата ги брише Албанците и албанскиот јазик од спотот за независноста

До 13 часот има три активни пожари низ Македонија