Утрински Весник
Свет

Турски брод нападнат кај Крим, едно лице загина

Brod.jpg

Турската крајбрежна стража објави дека брод на таа земја бил нападнат и потонал покрај северниот брег на Црното Море, при што еден морнар бил убиен, а четири лица биле ранети.

Бродот „Дуру 67“ вчера беше нападнат западно од Севастопол на Крим, се наведува во соопштението на Командата на крајбрежната стража.


Петмина повредени морнари беа спасени од друг брод „Бурак Каја“, но еден од нив почина на пат кон Турција.

Повредените се однесени во болница во главниот град на покраината Кастамону, објави агенцијата Анадолија.

Здравствените власти соопштија дека евакуираните претрпеле полесни повреди од шрапнели.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа