Утрински Весник
Свет

Тројца мигранти поминаа 11 дена на кормило на танкер, пристигнаа на Канарските острови од Нигерија

Тројца мигранти поминаа 11 дена на кормило на танкер, пристигнаа на Канарските острови од Нигерија
Ss2

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила тројца мигранти, кои биле скриени на кормилото на танкер, кој пристигнал на Канарските острови по неколкудневно пловење.

dobivaj vesti na viber

Тројца мажи биле пронајдени на танкер со нафта кој вчера пристигнал во Лас Палмас по 11-дневно патување од Лагос, Нигерија, а завршиле во болница поради дехидрација, пишува „Гардијан“.

Ss1

На фотографијата објавена од крајбрежната стража се гледаат мажи кои седат на чело на брод што плови под знаме на Малта. Тие биле пренесени во пристаништето, а оттаму биле префрлени во болница поради дехидрација и хипотермија, пишува британскиот весник.

Ова не е првпат мигрантите да се кријат на чело на брод. Во октомври 2020 година, четири лица се засолниле на кормилото на танкер со нафта од Лагос, криејќи се 10 дена пред да бидат откриени од полицијата кога бродот влегол во Лас Палмас.

Бројот на мигранти кои преминуваат од Северна Африка кон Канарските Острови драстично се зголеми од 2019 година.

„Ројтерс“ пренесува шпански податоци кои велат дека миграцијата преку морето е зголемена за 51 отсто во првите пет месеци од оваа година, во споредба со минатата година.

Меѓутоа, оние кои поминуваат по овој пат ги ризикуваат своите животи, а илјадници луѓе годишно умираат.

Ss1

Можете да прочитате

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници

Каталонија поради недостиг на вода гради постројки за преработка на морската вода

Тесла укинува 400 работни места во Германија