Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Поради неспособноста на Николовски и Бабовски, во Карбинци ќе бидат уништени 10.000 свињи со африканска чума

Трипуновски: Поради неспособноста на Николовски и Бабовски, во Карбинци ќе бидат уништени 10.000 свињи со африканска чума

„Свињарскиот сектор повторно е на удар од африканската свинска чума. Во фарма Овчеполка Агриа во село Таринци, Општина Карбинци кај 10.000 грла е регистрирана африканска свинска чума и истите мора веднаш да бидат уништени, а под сериозна здравствена закана е целокупната популација на свињи во Република Македонија, односно над 150.000 свињи колку што во моментот изнесува бројната состојба“, рече Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Штетите кои ги предизвика африканската чума во фармата Агриа се речиси над 2,5 милиони евра. Неспособноста и некадарноста на министерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски испливаа на површина.

Изминатите години сериозно алармирав дека надлежните институции како МЗШВ и АХВ, не ја сфаќаат сериозно ситуацијата со африканската чума и мерките кои ги носеа или беа задоцнети или не го постигаа ефектот.

Предлагавме низа на решенија и мерки, но Николовски и Бабовски беа без слух, и затоа денеска ситуацијата со африканската чума е пресериозна.

Најбрзорастечката сточарска индустрија во ресорот земјоделие, свињарството, е под закана целосно да згасне, а со тоа да останеме без единствената свежа домашна суровина – свинско месо. И сето ова почитувани е поради непрофесионалноста и немањето на капаците на Николовски и Бабовски да ги решат проблемите.

Бараме итна реакција од институциите. А до фармите ширум државата апелираме на подигање на биосигурносните мерки на највисоко можно ниво како единствен ефикасен начин на превенција од болеста, бидејќи очигледно е дека владата, МЗШВ и АХВ се неспособни да се справат со болеста.

Политиките на власта во земјоделството и сточарството носат пустош и безнадежност. Но, доаѓа време на промени и одговорност!“, изјави Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм