Утрински Весник
Свет

Три последователни земјотреси утрово ја потресоа Индонезија

Три последователни земјотреси утрово ја потресоа Индонезија

Три последователни земјотреси ја погодија денеска Индонезија, првиот регистриран земјотрес беше со јачина од 5,2 степени, а еден час подоцна следеше земјотрес со јачина од 5,4 степени.

dobivaj vesti na viber

Третиот земјотрес беше со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти тамошната геофизичка агенција, пренесува Ројтерс.

Земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, неколку секунди силно го почувствувале жителите на островот Ментаваи, во главниот град на провинцијата Паданг и во околната планинска област Букитинги, се вели во официјалното соопштение.

Потврдено е дека нема извештаи за жртви, а причинета е помала штета на зградите на островот Сиберут.

Геолошкиот институт на САД (USGS) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 11,9 километри,пренесе ртв.рс.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела