Утрински Весник
Свет

Трамп соопшти дека ги поништил сите уредби и документи потпишани од Бајден

1744390802 tramp.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги поништил сите уредби и документи потпишани од неговиот претходник на функцијата, демократот Џозеф Бајден, бидејќи користел уред за автоматско потпишување.

Кои се правните последици од одлуката на Трамп засега не е јасно.

„Секој документ кој го потпишал Поспаниот Џо користејќи автоматско пенкало, што е околу 92 проценти од нив, со ова се поништува и повеќе нема никаква правна сила или ефект“, напиша републиканскиот претседател на својата платформа Трут Соушл.

Можете да прочитате

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат

Украина тврди дека погодила четири руски центри за управување со дронови