Утрински Весник
Свет

Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелегенција во САД

Ai.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција во САД, и покрај сè почестите предупредувања дека оваа технологија претставува егзистенцијален ризик.

– Во никој случај нема да го попречиме или задушиме растот на оваа неверојатна индустрија, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“. Американскиот лидер повтори дека САД се пред Кина и остатокот од светот во поглед на технологијата и дека сака да ја задржи таа предност.


Најновиот повик за забавување на развојот на вештачката интелигенција следува по хакерски напади извршени без човечки надзор. Меѓу целите беа компаниите „Anthropic“ и „OpenAI“ – креаторот на „ChatGPT“. Во таа насока, „Anthropic“ и „OpenAI“ повикаа на побавно темпо, укажувајќи на ризикот технологијата да излезе од човечка контрола. Некои истражувачи во оваа област исто така предупредија дека вештачката интелигенција би можела потенцијално да го уништи човештвото, иако не постои консензус за ова прашање.

Трамп во објавата најави дека ќе биде формирана нова единица наречена „AI Force“ (Сили за вештачка интелигенција) ќе се занимава со негативните последици од технологијата, работејќи во согласност со американскиот Кривичен законик. Како пример, тој ги наведе Вселенските сили (Space Force) – кои ги формираше за време на својот прв мандат со цел да се спротивстави на заканите од вселената.

Трамп исто така истакна дека наскоро ќе именува владин координатор за вештачка интелигенција.

Сè уште не се објавени детали за единицата за вештачка интелигенција најавена од Трамп, но формирањето на такво тело во САД се оценува, како прв обид на неговата администрација да воспостави владин надзор врз технологијата.

Можете да прочитате

По дводневен целосен прекин, Куба повторно има струја

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација