Утрински Весник
Свет

Трамп: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Техеран е подготвен да го предаде својот нуклеарен материјал на САД. Трамп истакна дека целта е целосна елиминација на секаква можност за нуклеарно оружје во регионот.

„Не сакаме нуклеарно оружје таму. Сакаме нуклеарна прашина – тоа е она што го бараме и мислам дека ќе го добиеме. Веќе се согласивме за тоа“, порача Трамп, користејќи го својот специфичен термин за нуклеарниот материјал.


Според него, овој историски договор нема да биде добар само за САД и Иран, туку и за Израел, Саудиска Арабија и останатите сојузници во Заливот.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид