Утрински Весник
Свет

Трамп: Америка сега е просјак

Трамп: Америка сега е просјак

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави вчера дека САД сега се „енергетски просјак“.

dobivaj vesti na viber

Тој исто така истакна дека „војната во Украина никогаш не требаше да се случи“.

Трамп истакна дека пред две години, кога тој сè уште беше претседател, бензинот чинеше 1,87 долари за галон (1 галон = 3,8 литри) и дека цената паѓаше дури до 1,50 долари.

Сега, додаде, се користат стратешките резерви од кои се земени околу 75 милиони барели нафта, објави „Телетрејдер“.

„Под мое водство, Америка имаше енергетска независност и наскоро ќе бидеме доминантни. Но, сегашната администрација не успеа да се справи со рускиот претседател Владимир Путин и ја создаде сегашната ситуација“ – заклучи Трамп.

Можете да прочитате

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа