Утрински Весник
Македонија

Средба на ХОЏА со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој

Image 2026 10 21 154208480.png

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), на која се разговараше за можностите за соработка во зелената транзиција, поттикнувањето инвестиции во зелени технологии и подобрувањето на деловното окружување.

На средбата беше истакнато дека зелената транзиција не е само еколошка обврска, туку и развојна можност за отворање нови инвестиции, зголемување на конкурентноста на компаниите, јакнење на енергетската независност и создавање одржливи работни места.


„Турските компании и стопанственици се значаен дел од деловната заедница. Сакаме нивното знаење, искуство и капитал да бидат дел од процесите на модернизација и зелена трансформација на нашата економија. За тоа ни се потребни отворен дијалог, партнерство и предвидливи услови за инвестирање”, истакна Хоџа. Според министерот, целта е да се изгради систем во кој заштитата на животната средина и економскиот развој се надополнуваат и во таа насока изрази подготвеност за разговор за конкретни инвестициски иницијативи.

Во фокусот на разговорите беа инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, рециклирањето, циркуларната економија и развојот на зелени технологии. Посебно внимание беше посветено на можностите за вклучување на приватниот сектор во реализацијата на националните и европските цели за климатска акција и заштита на животната средина.

Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на дијалогот меѓу институциите и бизнис-заедницата, како и од организирање заеднички активности и деловни форуми посветени на зелената економија.

Можете да прочитате

СДСМ со реакција по одлуката на Уставниот суд за Резолуцијата за миграцијата

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Судење за „Пулс“: Заврши сослушувањето на вештакот Русески за кој Обвинителството ја проблематизираше стручноста и кредибилитетот