Утрински Весник
Македонија

Притвор за разбојници фатени при кражба на бакарна прскалка

Притвор за разбојници фатени при кражба на бакарна прскалка
300x250 (7)

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, на возраст од 41 и 34 години, донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека двајцата соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 238 став 4 во врска став од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 21 септември, осомничените, затечени во кражба во кумановско Долно Којнаре, употребиле закана и сила дека ќе нападнат врз животот и телото на две лица.

Ss1

Од гаража во дворот на една куќа одзеле бакарна прскалка, но биле затекнати од сопственикот и неговиот син. Во обид да побегнат, еден од осомничените извадил нож со кој се заканиле на оштетените, но тие успеале да ги совладаат и да ги задржат до доаѓањето на полицијата.

Со оглед на тоа што и двајцата осомничени се претходни сторители на други слични кривични дела, па постои јасен ризик да го повторат делото или да се дадат во бегство, како и опасност да се обидат да влијаат врз сведоците/оштетените, јавниот обвинител достави предлог да им биде определен притвор.

Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од по 30 дена.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска објави скандал: ВМРО-ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статутот на партијата

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во С.Македонија и Албанија

„Правината се танчи, ама не се кинит” – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”