Утрински Весник
Македонија

Трактор со приколка се превртел, возачот починал на лице место

Traktor 1.jpg

На 20.05.2026 во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана нива”, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село.

Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и се превртел.


Од здобиените повреди, тој починал на местото, а лекар констатирал смрт.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол

На 21 октомври во Куманово започнуваат „Вински Приказни“ – ново патувачко винско доживување