Утрински Весник
Скопје

Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули

26 07 sk zemjotres za fb post 2025www.jpg

Во текот на летните месеци, бројот на крводарувања бележи намалување. Годишните одмори, патувањата, високите температури и променетиот ритам на секојдневието се дел од причините поради кои граѓаните поретко се одлучуваат да даруваат крв. Во исто време, потребата од крв не се намалува. Секојдневно, крвта е неопходна за хируршки интервенции, лекување на пациенти со тешки заболувања, лица повредени во сообраќајни незгоди, породувања, како и во други итни медицински состојби. На здравствениот систем во нашата држава му се потребни околу 150 единици крв дневно за непречено обезбедување на потребите на пациентите.

Токму затоа, Црвен крст на град Скопје, на 27 јули, организира традиционална крводарителска акција, во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти.

Крводарителската акција ќе се реализира во Домот на АРМ – Скопје, во понеделник, 27.07.2026 година, во периодот од 09:00 до 18:00 часот.

На акцијата, покрај крводарителите од Скопје, ќе им се придружат и доброволни крводарители од Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Кочани и Крива Паланка, со што уште еднаш ќе се испрати силна порака дека хуманоста и солидарноста не познаваат граници.

Можете да прочитате

Меџити ги пречека делегациите на Folk Fest во Општина Чаир

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Општина Кисела Вода со повик до граѓаните за пријавување штети од силното невреме