Утрински Весник
Македонија

Денеска дожд и невообичаено ниски температури

Vreme.png

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Можете да прочитате

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога

Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: Модернизиран команден центар, „Безбеден град” ставен во функција, значително намален бројот на жртви во сообраќајот