
Соопштение за јавност на СДСМ:
Истрагата што новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја отвори за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски, не е обична финансиска проверка.
Тоа е почеток на процес што директно води кон Мицкоски и неговата организирана криминална група.
Ова е истиот оној кредит кој Европа во своите извештаи го квалификуваше како “сомнителен заем од кинески пари”.
Покрај кредитот, тука се и медиумите. Околу 40% од медиумскиот простор во Македонија е дел од Орбановата мрежа.
Само неколку дена по падот на Орбан, дел од сметките на таа мрежа во Македонија беа блокирани.
Финансирањето од Унгарија беше прекинато.
Мицкоски и Драган Павловиќ-Латас мораа итно да организираат ново финансирање.
Решението беше најдено преку Алта банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ.
Парите одат преку маркетинг-агенции поврзани со ВМРО-ОКГ.
Алта банка веќе е под истрага поради сомнително потекло на средства.
Претходните истраги за перење пари од Словенија, поврзани токму со Орбановата медиумска мрежа, беа запрени од страна на Мицкоски и неговото контролирано обвинителство.
Сега Латас доби нова задача. Преку Ивона Талевска се подготвува Euronews Македонија.
Лиценцата е купена преку Вучиќ. Euronews Белград веќе работи, а интервјуто на Тимчо Муцунски во Брисел пред повеќе од месец дена беше организирано токму преку оваа врска.
Од Септември треба да почне со работа и скопската подружница. Веќе се ангажираат новинари од постојните телевизии.
Целта е јасна: целосен медиумски мрак и целосна контрола на информирањето на јавноста.
Во таква ситуација, скандалите како труењето на водата во четири града, прикривањето на анализите на водата и слични афери во иднина, едноставно нема да стигнат до јавноста.
Истрагите во Унгарија се само почеток. Кога ќе почнат меѓународните истраги за парите што завршија во Македонија, прашањето повеќе нема да биде политичко. Ќе биде кривично.
Мицкоски знае што го чека. Затоа и е во паника.

