Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Жените во полицијата да станат повидливи

4.jpg

Министерот за внатрешни работи во техничката влада на С. Македонија, Панче Тошковски се обрати на отворањето на Регионалната конференција за род и безбедност во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР каде ја истакна важноста од учеството на жените во безбедносните структури.
 
Во своето обраќање министерот Тошковски потенцира дека иако жените се помалку застапени на раководни позиции во органите за спроведување на законот, што би можело да се припише на стереотипите поврзани со работењето во полицијата, сепак борбата за давање моќ на вработените жени во полицијата мора да продолжи, особено преку континуиран развој и унапредување на нивното знаење со примена на најдобрите практики, учество на бројни конференции посветени на родовото прашање, преку користење на родово чувствителен јазик со цел жените во полицијата да станат повидливи.
 
На крајот од своето обраќање министерот Тошковски ги поздрави напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за подигнување на јавната свесност за јазот кој сè уште постои меѓу мажите и жените во безбедносните професии, но воедно и за конкретните заложби кои ги преземаат за надминување на овој проблем.

Можете да прочитате

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп

Петровска: Наместо чаши вода пред камерите, јавноста заслужува одговори за труењето!