Утрински Весник
Македонија

Тошковски во работна посета на ОВР Струга

2 3.jpg
Ss2

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи во Струга каде од страна на раководството беше запознаен со нивната тековна работа, постигнатите резултати како и проблемите со кои се соочуваат.

„Безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива ОВР Струга е стабилна и во првото тромесечие од 2024 година не се евидентирани посериозни настани од безбедносен интерес. Во делот на имотните кривични дела има мало зголемување, но од нивна страна се преземаат потребните мерки и активности за сузбивање на овој вид криминал.
Како позначаен постигнат резултат во делот на сузбивање на криминал поврзан со недозволена трговија со дрога и оружје го истакнаа апсењето на 23 лица на територија на ОВР Струга во координирана акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал”, издвои министерот Тошковски.

Img 5587

Што се однесува до материјално-техничките средства го потенцираа недостатокот на возила особено во ПО Велешта кое покрива голема територија, а во моментот нема ниту едно возило. Од аспект на човечки ресурси и овде пополнетоста е на многу ниско ниво.
Во насока на претстојните избори министерот образложи дека направен е план за безбедно спроведување на изборниот процес и се преземаат сите мерки за прибирање на сознанија за евентуални изборни нерегуларности.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани