Утрински Весник
Македонија

Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит

Pravda.jpg

Владата на денешната седница ја усвои потребата од добивање итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит.

Со овој чекор се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.


Во рамките на постапката, известителите на Венецијанската комисија ќе остварат средби со претставници на релевантните институции, парламентарните политички партии, деканите на петте правни факултети и претставници на студентските организации.

Предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје и на усниот дел во Министерството за правда.

Предложениот модел предвидува единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди.

Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа во кое се застапени 61 држава членка, ќе обезбеди независна меѓународна експертска перспектива во оценувањето на предложеното законско решение.

Нашата определба е јасна: законите да се темелат на Уставот, правото и европските стандарди, а решенијата да произлегуваат од правни аргументи и стручна анализа.

Можете да прочитате

Притвор за 34-годишник од струмичко, се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна девојка

Тешто повредена малолетничка, ја удрил тротинет, а возачот побегнал

Кривична за тетовец, земал 2.500 евра капар, а не завршил работа