Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени

Policiska Polet.jpg

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски информира дека доцна синоќа е завршена ревизијата на, како што вели, нефункционалните закажани термини за фотографирање за лични документи и најавува дека пунктот „Пролет“ во Скопје ќе работи во две смени и оти се зголемува капацитетот за фотографирање.

“165.000 граѓани во Скопје имаат закажано термин за вадење на лични документи, кој што број вчера во неделата мојот тим со луѓето вработени во рамките на МВР констатираа дека е неточен. Односно голем дел од предметните закажувања се, така да кажам, фиктивни, голем дел од предметните закажувања не се споредени со оние коишто се предомислиле од редовна да влезат во итна постапка, или пак поминале да се сликаат во рамките на пунктот Пролет, кадешто нели беше прв дојден прв услужен, хаотично нели, ама така функционираше. Така да оваа бројка сама по себе. Откога направивме првично споредување на податоците ќе падне за отприлика некаде околу 20 отсто. Тоа значи дека отприлика некаде околу 30.000 телефонски закажувања се непотребни, односно несуштински и го оптеретуваат системот, и нереално наместо граѓаните да закажат во август – септември, закажувале во ноември – декември”, рече Тошковски во интрвју за Телма.

Тој исто така додаде дека во полициската станица Пролево следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните.

“Од среда пунктот Пролет го враќаме во целост во системот на нормалност и системот на правилно функционирање на оваа постапка во рамките на министерството. Тоа значи дека од среда предметниот пункт ќе функционира со 14 базни станици, со 14 фотографи, луѓе, полицајци вработени во МВР, коишто доброволно се ангажираа да помогнат. Од понеделник, овој што иде, воведување и втора смена, каде што уште 14 доброволци од МВР ќе бидат ангажирани дополнително”, рече Тошковски.

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда