Утрински Весник
Македонија

(Портрет) Искуството и одговорноста на Јован Митрески како негова најдобра препорака за успешно раководење на Собранието

Mitreskisobranie.jpg

Од 26 јануари оваа година Талат Џафери по речиси седум години поминати на спикерското столче ја напушти функцијата претседател на Собранието, а на негово место дојде Јован Митрески, кој стана деветтиот претседател на Собранието во историјата на независна Македонија. 

За оние кои ја следат работата на Собранието, но и политичките случувања во државата, Јован Митрески им е и тоа како познато име. 

Станува збор за пратеник од редовите на политичката партија СДСМ со долгогодишен пратенички стаж. 

Првпат за пратеник Митрески е избран на парламентарните избори во 2014 година, а потоа и на изборите во 2016 и 2020 година. 

Кон средината на вториот пратенички мандат станува координатор на пратеничката група на СДСМ, на којашто функција останува се до изборот за прв човек на Собранието. 

Богатото пратеничко искуство како предуслов за успешно водење на Собранието

Пратеничкиот стаж и искуството во координирањето на пратеничката група што Митрески го има го профилираат како еден од најподготвените пратеници за да го води Собранието во бурен, предизборен период. 

Не само во неговата пратеничка група, туку и во опозициските пратенички групи, а и меѓу службите во Собрание и медиумите, за Митрески се зборува со позитивен тон, се карактеризира како одговорен професионалец секогаш подготвен на дијалог и компромис. 

Можеби токму поради тоа и неговото активно учество, последните два пратенички состави успеаја да ги изменаџираат сите предизвици со кои се соочуваа и да донесат огромен дел од зацртаните реформи. 

Периодот од 2016 до 2023 година, во Собранието е еден од можеби најтурбулентните периоди, седниците често траеjа и до рано изутрина, се случуваа блокади, караници, па дури и кршења на собранискиот инвертар.

Прво, пролетта 2017 година, после неколку месеци одлагање, беше избран нов претседател на Собранието и создадено ново парламентарно мнозинство, по што се случи насилен упад во зградата на Собранието. 

Пратеничкиот состав од 2016 до 2020 година и парламентарното мнозинство што тогаш го предводеше СДСМ, ги донесе измените на Уставот согласно Договорот од Преспа, и изгласа многу важни закони за реформите на правосудството и администрацијата, како и за унапредување на правата од социјалната заштита, а мандатот беше заокружен со ратификување на Протоколот за НАТО со што Македонија стана 30та земја членка на Алијансата.

Слично продолжи и следното парламентарно мнозинство исто така предводено од СДСМ со Јован Митрески како координатор на пратеничката група. 

Иако во пленарната сала често имаше тензични моменти, присебноста на Митрески, кој често можеше да се види како се консултира со Џафери, придонесувајќи за смирување на атмосферата и враќање на конструктивноста. 

Овој пратенички состав исто така успеа да донесе важни закони за граѓаните, за развојот на државата, а со усвојувањето на Европскиот предлог успеа да ја придвижи државата на патот кон ЕУ, по што започна и скрининг процесот како подготовка за отворањето на првите поглавја. 

Митрески секогаш уживал висока доверба во својата партија СДСМ, каде со децении е член кој доаѓа од општинскиот огранок во Струга. 

На изборите во 2020 година Митрески беше коносител на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица, а со години по функција е член и на Централниот одбор на партијата.

Главните планови со фокус на изборите и гласање на законите 

-Подготовката за фер и демократски избори, е нашиот главен приоритет како Собрание, во предизборниот период но и должност и одговорност на законодавна власт е да направи се во рамки на своите надлежности за создавање терен и овој двоен изборен циклус да биде легитимен, демократски и слободен, како и сите изборни циклуси што беа организирани во последните седум години, за што се потврда и оценките во извештаите на меѓународните набљудувачки мисии, појаснува Митрески.

Тој додава дека во тој период пратениците, но и тој како претседател имаат одговорност да ги заокружат и постапките за одредени законски решенија кои се важни и од интерес за граѓаните. 

– Првпат после 16 години во земјава се одржуваат редовни парламентарни избори, но оваа година имаме и претседателски избори. Собранието ќе продолжи активно да работи се до почетокот на кампањата, што е доволен период да се расправа за повеќе законски предлози што се доставени и од Владата и од пратениците, како овластени предлагачи, додава Митрески.

За Митрески нема друга алтернатива освен Европската унија

Од самиот почеток на неговото политичко дејствување, прво како пратеник, потоа како координатор, а и сега како претседател на Собранието има јасен став во однос на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, а тоа дека за нашата држава, за нашите граѓани, за нашата иднина нема друга алтернатива освен Европската Унија. 

-Времето покажа дека заложбите за наше зачленување во НАТО се покажаа правилни, тоа се потврди и овој период по агресијата на Русија врз Украина, кога нашата држава како земја членка на НАТО има далеку побезбедна иднина отколку ако беше надвор од овој Сојуз, вели Митрески.

Како што вели во разговорот за 24.инфо.мк, Митрески силно верува дека нашата држава ќе продолжи успешно да чекори по евроинтеграцискиот пат, да работи на имплементирање на европските вредности и стандарди и да обезбеди побрз економски развој и напредок за своите граѓани. 

Не се откажува од Струга, таму е семејството и пријателите

Струга е негов роден град, но и град во кој и ден денес живее заедно со неговото семејство. 

-Струга е градот кој не само што ги буди моите најубави спомени од детсвото и младоста, туку е град кој се уште создава нови момент и нови спомени. Прошетките покрај реката Дрим, заедно со моите деца, прошетките низ старата чаршија со пријателите, уживањето во крајбрежјето не може да ги замени ниту еден друг град, вели тој.

Тој додава дека комуникацијата со граѓаните, секојдневните контакти со нив и инфомирањето за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат е клучно за креирање на добри и навремени политики. 

-Секојдневната комуникација со граѓаните и тогаш и денеска ми овозможува одблиску да се запознаам со нивните проблеми, но и со перспективите и потенцијалите за развој и на државата и на младите, што е голем мотив да направам промени во рамки на личните и политички капацитети, преку политичкото дејствување, и заедно со граѓаните да обезбедиме просперитет и напредок, вели претседателот Митрески. 

Можете да прочитате

Муцунски потврди дека утре почнуваат преговорите за формирање влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и Вреди

Новата претседателка Сиљановска-Давкова доби официјална честитка од ЕУ 

Сервер: Најдобриот пат што С. Македонија треба да го следи е интеграција во ЕУ