Утрински Весник
Македонија

Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и дигитални услуги, гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато

2 5.jpg

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за  дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството. Дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма.

Во тој контекст, фокусот беше насочен во подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова модерна веб страна на министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации кои им се потребни.

„Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. “, потенцираше министерот Тошковски.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз

Учество на Муцунски на министерска конференција на тема „Подемот на политичкиот тероризам” во Вашингтон

ВЛЕН: Документот што ја потопува пропагандата на ДУИ за „српскиот свет” [ФОТО]