Утрински Весник
Македонија

Тешко повредено 22-годишно момче во сообраќајна несреќа

Тешко повредено 22-годишно момче во сообраќајна несреќа

Дваесет и двегодишно момче се здобило со тешки повреди откако со автомобилот излетало од патот.

dobivaj vesti na viber

„Денеска (08.01.2023) во 04.20 часот било пријавено дека на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково, патничко возило „фолксваген бора“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(22) од с.Стојаково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“