Утрински Весник
Балкан

Таткото на загинатите Сара и Тина: Незнам ни како стојам на нозе

Tina Sara Novi Sad 427x285 1.png

Девојчиња на возраст од 9 и 5 години не го преживеаја падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

„Јас сум татко на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка“, рече Ѓорѓе Фириќ, таткото на Сара (5) и Тина (9).

Девојчињата не го преживеаја падот на настрешницата, а веста утрово ја соопшти нивниот дедо Бранко Матиќ.

Таткото на девојчињата, кој од болка и тага едвај зборува, со солзи во очите и грутка во грлото изјавил:

„Јас сум татко на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка. Се чувствувам ужасно, немоќно. Ова се моите ќерки, не можам да се воздржам. Не знам ни како стојам на нозе. Ако ме разбирате, во моментов не можам да зборувам за трагедијата, моите ќерки ги нема. Немам сила, ако ми верувате. Само нека помине ова малку, па ќе ти кажам се. Не знам ни што да кажам сега, искрено да кажам немам повеќе зборови – рекол таткото за српска „Република“.

Во невидената трагедија која се случи при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа четиринаесет лица, а тројца се повредени.

Можете да прочитате

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Проевропските партии во Романија ветија заедничка програма и кандидат за претседател

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија