Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од “историска пљачка” до горд на проектот Коридор 10д

Img 6544.jpeg

Во периодот кога Христијан Мицкоски беше лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, отворено и жестоко ја критикуваше изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10д, нарекувајќи ги овие проекти „историска пљачка“ и „должничко ропство“. Тој тврдеше дека Владата, под водство на ДУИ и поддржана од СДСМ, ја вовлекува Македонија во штетни и скапи договори што ќе остават долготрајни последици врз државниот буџет и финансискиот товар на граѓаните. Мицкоски истакнуваше загриженост околу транспарентноста на договорите и предупредуваше на можни злоупотреби, вклучително и превисоки трошоци и услови кои, како што рече, се неповолни за македонските работници и македонското законодавство.

„Ова не е историски проект, туку историска пљачка,“ изјави тогаш Мицкоски. „Сме добиле договор кој не само што е дупло поскап, туку и предвидува да работат повеќе странци отколку домашни работници и користи англосаксонско законодавство наместо нашето македонско. Владата ја турка државата во подредена позиција и за ова ќе има одговорност,“ заклучи тој.

Меѓутоа, откако ја презеде функцијата премиер, Мицкоски значително го смени својот став кон овие инфраструктурни проекти. На настан организиран за официјалното започнување на теренските работи, Мицкоски ја поздрави реализацијата на Коридорите и им се заблагодари на сите учесници во проектот за нивната посветеност. Според новите изјави, тој изрази задоволство што проектите конечно добиваат материјална форма на терен, односно отворен простор за работа и завршени процеси на деминирање и експропријација на земјиштето.

„Не можам да додадам многу, освен дека сум исклучително задоволен што, конечно, на терен можеме да ги видиме сите оние активности што претходеа во позадина. Благодарен сум на сите вклучени, од владините институции, амбасадори, до сите одговорни за овој значаен проект,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека оваа работа претставува важен чекор кон напредокот на земјата и нејзиниот инфраструктурен развој.

Оваа промена на ставот предизвика реакции во јавноста, при што дел од граѓаните и опозицијата ја истакнаа потребата за доследност и отворена комуникација во врска со големите државни проекти.

Можете да прочитате

Учениците на ООУ „Кочо Рацин“ добија нова современа фискултурна сала и нови специјализирани и опремени кабинети

Екс директорот на АД ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд

Пакетчињата за деца под посебен мониторинг – засилени инспекции пред Нова година