Утрински Весник
Македонија

Татко монструм ги силувал своите малолетни ќерки, мајката им велела да не пријавуваат бидејќи било срамота

Policija 3.jpg

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на Прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1, како и родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, од 2021 до 2023 година, во повеќе наврати, осомничениот во својот дом вршел полови дејствија врз неговите три ќерки, родени 2008, 2010 и 2014 година, кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.

Истрага е поведена и против мајката на децата, која е осомничена за кривично дело – запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

-Делото го сторила со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување и ги запуштила своите ќерки, кои и кажале дека таткото врши полови дејствија и обљуба врз нив, а таа ги убедувала дека е срамота да пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. Со тоа допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита. На 27 јуни, едно од девојчињата се охрабрило и го пријавило таткото во полиција, се вели во соопштението на ЈО.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за двајцата родители и иницира соодветно згрижување на сите деца од семејството преку надлежните служби.

Можете да прочитате

Муцунски-Меидани: Враќањето на проширувањето на ЕУ на агендата е значајно за регионот

По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони

Пандов и Клековски нови директори од ВМРО-ДПМНЕ?