Утрински Весник
Македонија

Таравари: Коалицијата Вреди е најдобрата гаранција дека С. Македонија ќе го продолжи европскиот пат

Screenshot 2024 05 28 221314.png

Актуелниот градоначалник на Гостивар, сега најсериозен кандидат да го преземе министерството за здравство во новата влада, Арбен Таравари е удеден дека Коалицијата Вреди, чиј кандидат беше на неодамнешните претседателски избори, е најдобра гаранција дека Северна Македонија ќе го продолжи европскиот пат. Ова Таравари го поткрепи на гостувањето во Канал 5 со декларација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ во која постоеле три точки – европски пат, брз економски развој и борба против криминал и корупција и правна држава. Таравари рече дека „не би сакал да се повтори 2008 година“ и „ако постои стратегија во 2028 година Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора да влезат во пакет во ЕУ, тоа веќе е причина со која ние би требало одредени работи набрзина да ги смениме“. – Гарантирам дека ќе има модалитети кои ќе бидат прифатливи и за двете страни. И за Скопје и за Софија и во тоа сум многу сигурен, меѓутоа за тоа кои се опциите, сигурно идниот премиер ќе ги каже, изјави Таравари. Дали разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за уставните измени, актуелниот градоначалникот на Гостивар, Таравари одговори потврдно и нагласи дека не е коректно тој да каже за какво решение се работи, туку тоа треба да го соопшти идниот премиер. Запрашан дали ќе биде министер за здравство, Таравари рече дека во следните неколку денови ќе одлучи.

Можете да прочитате

66-годишен велосипедист од Скопје по удар од автомобил завршил со тешки повреди

Опожарено товарно возило во Трубарево

66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје