Утрински Весник
Македонија

Тачи и Хоџа му се приклучија на Ахмети: Нè очекува најголемата победа на Албанците во историјата

Ddd.png
300x250 (7)

Не се сомневам во големата победа што Албанците од Македонија никогаш не ја издвојувале. Тоа ќе биде најголемата победа во историјата на независноста на оваа држава. Ова денеска го рече претседателот на Демопкратската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од Тетово, каде заедно со Мендух Тачи, лидерот на ДПА, како и лидерите на Народното движење и Европска демократска партија, Скендер Реџепи-Зејд и Аријанит Хоџа потпишаа коалициски договор во рамките на „Европскиот фронт“ за претстојните парламентарни и претседателски избори во земјава кои треба да се одржат на 24 април и 8 мај.

„Ова прашање трае повеќе од две години. Смислувано е со најголема смиреност, со најголема свесност и ова беше момент да се собереме во фронт, а овој фринт че биде непобедлив и непривремен, до реализација на нашите цели, до зачленувањето во Европската Унија. На овој фронт треба да му се приклучат и нашите сограѓани Македонци, бидејќи за овие 24 години, не сум виде толкава сериозна посветеност, поразумна и поодговорна за иднината на државата мако оваа кај албанските политички субјекти“,рече Ахмети.

300x250 (7)

Според него, пред 15 и 16 години да кажеле дека тој и Тачи ќе потпишат договор за едн фронт, сите ќе велеле дека не е можно.

„Да кажевме некому дека во оваа земја има премиер Албанец, ќе кажеа овие се луди“, рече лидерот на ДУИ.

Тачи, пак, повика сите да се обединат на овој фронт и рече дека му е жал што опозицијата ја гледа оваа кампања како натпревар меѓу нив и нас, а не со главниот принцип за ЕУ и против Русија.

„Не само анкетите, туку и малите деца знаат дека на овие избори ќе изгубат убедливо, само поради ДУИ. Руското влијание е распространето во земјите од регионот, така што ние со 30 пратеници го спречуваме руското влинаие во нашата земја. Не познавате долги години, знаете дека не правиме компромиси со црвените линии, со нашиот главен национален интерес, заштоа што на Албанците и на Македонија им е местото во средиштето на европската цивилизација. И велам на опозицијата дека не се занимаваме со нив, дека го имаме предизвикот да се справиме со Русија. Ве повикувам да ни се приклучите. Знам дека македонската опозиција може да го смени вокабуларот по изборите, но можеби ќе биде доцна за нив“рече Тачи.

ДПА го одобри предлогот на Тачи за учество во коалицијата на ДУИ

Претседателот на Народното движење, Реџепи рече она што ќе го постигне овој фронт ќе се памети долго во историјата.

„Овој фронт е модел на успех, не е само лига туку суперлига. Убаво е да се формализира овој фронт, бидејќи граѓаните имаат корист од сите добри работи, стандарди и социјални придобивки. Со претседателските избори ја запечатуваме и победата на парламентарните избори. Добра иницијатива е тоа што рековме дека Европскиот фронт ќе се состои од многу етникуми, за да докажеме дека таков фронт што ќе ни ги донесе сите благодети, за да генерациите што доаѓаат бидат воглавно обезбедени од нашето пријателство со САД и со ЕУ затоа што немаме друга алтернатива освен Европскиот фронт. Нашите траги ќе се паметат долго време во историјата. Им посакувам среќа и успех на сите, да ја запечатиме победата на 24 април и потоа на 8 мај, да извојуваме уште подлабока победа“,нагласи Реџепи.

Претседателот на Европска демократска партија, Хоџа го пофали потпишувањето со двајца луѓе како Ахмети и Тачи, кои на нивниот политички пат на раменици носат важни процеси за државата. Тој направи споредба со поддршката за ОНА во 2001 година.

„Овие наши повици денес се исти како оние за приклучување во ОНА во 2001-та. Тогаш командантот на ОНА Али Ахмети создаде услови за еднаквост и за вклучување на Албанците во сите институции. Денес, преку овој фронт, ние треба да го браниме тоа и да ги спречиме антиевропските влијанија во земјата“,вели Хоџа.

Според него, додека другите чекаат победа од ВМРО-ДПМНЕ, тие очекуваат победа на Албанците, со голема поддршка од Косово и Албанија.

Ss1

Можете да прочитате

Акумулацијата Градче порибена со 185 кг подмладок на крап

Лукаревска: СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти…