Утрински Весник
Свет

Нетанјаху ја откажа посетата на Вашингтон поради усвоената резолуција на ОН

Netan Ahu.jpg
Ss2

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа посетата на Белата куќа, а како причина се наведува дека САД се откажаа од заканата за вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН.

Нетанјаху претходно се закани дека ќе ја откаже посетата на Вашингтон што беше закажана за почетокот на оваа недела, што и го направи откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа. САД беа воздржани.

Ss1

За време на посетата на САД требаше да се разговара за планираната израелска офанзива на Рафа.

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се наведува дека САД со оваа одлука им штетат на воените напори и на обидите за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа..

Во соопштението се оквалификува одлуката како „јасно отстапување од конзистентната позиција на САД во Советот за безбедност од почетокот на војната“ и оти таа „му дава надеж на Хамас дека меѓународниот притисок ќе им овозможи да добијат прекин на огнот без ослободување на заложниците“.

За разлика од претходно САД овојпат се воздржаа од гласање, додека остатокот од 15-члениот Совет гласаше „за“.

Советот на безбедност на Обединети нации денеска усвои резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, како и безусловно ослободување на заложниците. СБ на ОН првпат по шестмесечната војна во Појасот Газа бара „итен прекин на огнот“ за време на Рамазан, што трае уште две недели.

Резолуцијата беше поднесена од десет непостојани земји-членки на СБ, меѓу кои и Алжир, Гвајана, Малта, Мозамбик, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија.

Во претходните обиди постојаните земји-членки на СБ на ОН ставаа вето, со што оневозможуваа усвојување на претходните резолуции за примирје во Газа.

САД досега ставија вето на три нацрт резолуции, а Русија и Кина двапати го блокираа американскиот предлог.

Во резолуцијата се нагласува и итната потреба да зголемување на хуманитарната помош и да се интензивира заштитата на цивилите во палестинската енклава

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип