Утрински Весник
Македонија

Во скопско приведени три лица барани со потерница

1707216064 1.webp.webp

Денеска (25.03.2024) во 13.30 часот во с. Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ш.П. (29) од с. Батинци, скопско, кој бил баран со централна потерница за затворска казна од пет месеци за сторено кривично дело по член 301 од КЗ.

Исто така денеска, околу 15 часот, на ул. „Фан Ноли” во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода З.Д.(33) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен  кривичен суд Скопје за затворска казна од два месеца по чл. 297 став 3 од КЗ. 

Денеска (25.03.2024) во с. Страхолица, Зелениково полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода и А.Д. (34) од истото село, кој бил баран со потерница за затворска казна од еден месец и 20 дена  за сторено кривично дело по член 297 од КЗ.

Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.

Можете да прочитате

Петровска: Две години нема зголемување на платите во одбраната, а Владата зборува за историски успеси

Николовски: Срамно е вицепремиер задолжен за борба против корупцијата два месеци да не работи

Николовски: Трипуновски мора да си замине – земјоделството е во хаос, а институциите се разнишани од корупциски скандали