Утрински Весник
Магазин

Свршувачката на Руперт Мардок и Ен Лесли Смит ненадејно прекината

Свршувачката на Руперт Мардок и Ен Лесли Смит ненадејно прекината

Медиумскиот тајкун Руперт Мардок и поранешната полицајка Ен Лесли Смит ненадејно ја откажаа свршувачката неколку недели по објавувањето, објавија американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Венити феар“ цитира извор близок до Мардок (92), кој открива дека милијардерот се чувствувал непријатно од она што се опишува како отворен евангелистички став на Смит (66).

Мардок, кој се разведе од четвртата сопруга Џери Хол во 2022 година, допрва треба да коментира.

Неговата свршувачка со Смит беше објавена минатиот месец.

Извори блиски до медиумскиот магнат открија дека тој ненадејно ја прекинал свршувачката со радиоводителката по обелоденувањето на планот за петти брак. Требаше да се венчаат летово.

Можете да прочитате

Големи настани и безвременски шарм: Водич низ Истанбул

Дневен хороскоп за 15 мај 2026 година

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави