Утрински Весник
Свет

Примирјето меѓу САД и Иран на стаклени нозе

Usa sad iran scaled.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли барањата на Техеран и рече дека секој иден договор мора да вклучува јасна обврска од страна на Иран да ја запре својата нуклеарна програма.

Техеран, од друга страна, бара укинување на санкциите, одмрзнување на средствата и прекин на блокадата на иранските пристаништа.


Истовремено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека војната сè уште не е завршена.

Иран ја осудува нацрт-резолуцијата на САД на ОН за Ормутскиот теснец

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни прашања, Казем Гарибабади, остро го осуди најновиот обид на Вашингтон да се заложи за усвојување на резолуција за Ормутскиот теснец во Советот за безбедност на ОН, опишувајќи го како груб обид за искривување на фактите и заштита на вистинските агресори.

Во соопштение објавено на социјалната мрежа X , Гарибабади истакнува дека САД, заедно со некои од нивните регионални сојузници, повторно се обидуваат да ја „променат тезата“, претворајќи ги последиците од воената агресија и нелегалната опсада во обвинение против Иран, „единствената земја што е жртва на закани, притисок и директни напади“, објави денес Иран Прес ТВ.

„Слободата на навигација е почитуван правен принцип, но не може да се толкува селективно или политички, ниту пак може да се одвои од Повелбата на ОН“, напиша тој.

Високиот ирански дипломат нагласи дека секоја вистинска иницијатива за поморска безбедност во регионот не може да го игнорира постојаното прибегнување кон сила, наметнувањето на поморска блокада, тековните закани и директната улога што ја играат САД и израелскиот режим во создавањето на сегашната криза, додека се преправаат дека дејствуваат со неутралност и правен кредибилитет.

Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласува дека војната со Иран не е завршена. „Сè уште има нуклеарен материјал во таа земја, вклучувајќи ураниум. Не ги уништивме сите нејзини постројки за збогатување. Сè уште има работа што треба да се направи“, рече Нетанјаху.

Можете да прочитате

Си-ен-ен: Трамп губи трпение, враќањето на големи воени операции сѐ поверојатно

Израел го бомбардираше Либан, најмалку шестмина загинати

Иран: Ако пак бидеме нападнати од САД ќе создадеме нуклеарна бомба