Утрински Весник
Свет

Сунак го призна изборниот пораз

20240705075019 Big 730x400 51.webp.webp

Британскиот премиер и лидер на конзервативците Риши Сунак го призна поразот на вчерашните парламентарни избори и му ја честиташе победата на лидерот на лабуристите Кир Стармер.

– Лабуристичката партија победи на овие општи избори и му се јавив на Кир Стармер за да му честитам на победата, рече тој.

Сунак нагласи дека власта ќе се смени „уредно и мирно“ и ја презеде одговорноста за поразот на изборите, пренесува Скај Њуз.

– Британскиот народ донесе отрезнувачка пресуда и јас ја преземам одговорноста за поразот.

За многуте добри, вредни конзервативни кандидати кои изгубија вечерва … Жал ми е, додаде британскиот премиер во заминување.

Лабуристите освоија 410 од 650 места во Долниот дом на вчерашните општи избори во Велика Британија, според излезните анкети, со што ставија крај на 14-годишната влада предводена од конзервативците.

Можете да прочитате

Крајно десничарскиот сојуз на Орбан достигна статус на група во Европскиот парламент

Напад на Хезболах врз северот на Израел, едно лице тешко повредено

Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми