Утрински Весник
Македонија

Судскиот совет денеска ќе расправа по претставки и поплаки од граѓани и правни лица за работата на судиите

20240721173644 Big 730x400 16.webp.webp

Судскиот совет денеска со почеток од 13 часот ќе ја одржи 493. седница на која има осум точки на дневен ред.

Меѓудругото, Советот ќе расправа по претставки и поплаки од граѓани и правни лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, по извештаите за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, по барање за надомест за одвоен живот на член на Судскиот совет, по барање на судија за јавност на расправата во постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, како и по известувања за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

Можете да прочитате

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан”

Шасивари – О’Калахан: Ирска е важен партнер во унапредувањето на реформите и европската агенда