Утрински Весник
Македонија

Студентски отпор: Ќе ги искористиме сите механизми за остварување на целите

(Во живо) Почна протестот на студентите пред Собранието

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите кој континуирано се зголемува низ годините а особено изминативе месеци, реагираат од Студентскиот отпор.

dobivaj vesti na viber

Ги потсетуваат, како што велат, одговорните и надлежните дека немаат намера да се откажат се до целосно исполнување на нивните барања:
– „Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела;
– Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);
– Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари;
– Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите;
– Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;
– Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;
– Стипендирање на студентите на втор циклус студии;
-Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети
– Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ“.

Повикуваат сите студенти да се придружат во нивната борба, бидејќи, според нив, само со сплотеност може да се постигната достоинствени услови за студирање на младите и заедно да се изгради иднината.

„Напоменуваме дека ќе делуваме во насока на остварување на нашите цели користејќи ги сите расположливи механизми и средства“, велат од Студентскиот отпор.

Можете да прочитате

„Немам контакти со Заев“ вели пратеникот Цеков

Во ноќен клуб во Охрид приведени седум странски државјанки затекнати при нелегална работа

Скопјанка тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет