Утрински Весник
Македонија

(Видео) Запален паркиран автомобил близу „Илинденска“, пожарот зафатил и друго возило

(Видео) Запален паркиран автомобил близу „Илинденска“, пожарот зафатил и друго возило

Автомобил ноќеска бил запален на паркинг на булеварот „Илинденска“. Речиси целосно изгоре „голф“ кој бил сопственост на 40-годишен скопјанец. Поради силината на огнот, пожарот зафатил и друго возило. Сведоци посочуваат дека огнот брзо се раширил.

dobivaj vesti na viber

„Од пожарот било зафатено и патничко возило „тојота селика“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(40) од Скопје“, велат од МВР.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Како настанал пожарот и дали е намерно запалено возилото – ќе открива полицијата по увидот.

Ден претходно, автомобил беше запален на паркинг простор во Аеродром.

„Во 04.15 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.(31) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, соопшти МВР

Можете да прочитате

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница