Утрински Весник
Спорт

АС: Реал има намера да ги донесе Мбапе и Халанд

АС: Реал има намера да ги донесе Мбапе и Халанд

Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе Ерлинг Халанд од Манчестер сити во 2024 година. Овој план на Реал, нема никаква врска со евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе.

dobivaj vesti na viber

Реал Мадрид ја започна „Операцијата Халанд“, пишува „АС“. Норвешкиот напаѓач е означен како приоритет за летниот преоден рок во 2024 година и клубот е подготвен да ги направи сите потребни потези за да го овозможи неговото доаѓање. За оваа акција ќе бидат потребни повеќе од 220 милиони евра.

Во Мадрид имаат идеја да го продолжат договорот на Карим Бензема на уште една година, а потоа да го заменат со Халанд. Се ќе зависи од желбата на Халанд да дојде, но неговата агентка Рафаела Пименто веќе изјави дека Реал е клуб за кој сонуваат сите играчи.

Целта на клубот е да формира напаѓачка линија во која заедно би играле Халанд, Винисиус Жуниор и Мпабе на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“.

За да се донесат толку скапи ѕвезди ќе треба да се обезбедат средства.

„АС“, има идеја како клубот ќе обезбеди средства за да може да ги донесе Мбапе и Халанд. Реал ќе се ослободи од високите плати кои ги имаат Бензема, Лука Модриќ, Тони Крос и Еден Азар.

На овој начин Реал ќе заштеди повеќе од 50 милиони евра, само на плати, а потоа тие пари ќе ги пренасочи кон Халанд и Мбапе.

Можете да прочитате

Европа ќе има нов фудбалски владетел

Баерн го скрши Арсенал за полуфинале во ЛШ

Стојановски успешно опериран – 24info.mk