Утрински Весник
Свет

Студентка одбила договорен брак со роднина, вујкото ја убил и ѝ го фрлил телото во контејнер

Студентка одбила договорен брак со роднина, вујкото ја убил и ѝ го фрлил телото во контејнер
Ss2

Мохамед Тарус Кан (53) е осуден на доживотен затвор со минимална казна од 25 години за убиството на својата внука Сомаја Бегум во Бредфорд. Причина за убиството е одбивањето принуден брак со еден од роднините.

dobivaj vesti na viber

По изрекувањето на пресудата, беа објавени снимки, на кои се гледа како Кан го вози автомобилот, во кој се наоѓа телото на Сомаја, до бродски контејнер. Се гледа како го отвора контејнерот и носи ракавици. Прикажана е и снимка од Сомаја како оди од работа, само неколку часа пред фаталниот напад.

Ss1

Сомаја, студентка по биомедицина, била пронајдена мртва по полициска потрага во 2022 година. Нејзиното тело било завиткано во подлога врзана со конец. Телото било во распадната состојба, а не можело точно да се каже што ја предизвикало нејзината смрт, но во десната страна на градниот кош било пронајдено сечило долго 11 сантиметри.

Таа живеела со својата баба и со другиот вујко откога нејзините родители добиле наредба за заштита од принуден брак. Забраната следува по нејзиното отфрлање на понудата на татко ѝ да се омажи за братучед во Пакистан кога имала 16 години.

Отворајќи го случајот пред поротниците пред нешто повеќе од една недела, Џејсон Питер рече дека Сомаја претрпела трауматска смрт по насилна инвазија во домот.

Кан се изјасни за виновен за попречување на правдата и отстранување на телото и доказите, но го негира убиството.

Ss1

Можете да прочитате

Пластичниот отпад од Европа ги уништува плажите во Азија

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Крокус во Москва

Глобалниот капацитет на електрани на јаглен во 2023 година на највисоко ниво на сите времиња